Казахстанската изложба „Великата степа: историја и култура“ од денес во Археолошкиот музеј 

Во Археолошкиот музеј вечерва во 19 часот ќе биде отворена изложба за културното наследство на Казахстан – „Великата степа: историја и култура“ од Националниот музеј на таа азиска земја. Во фокусот на изложбата е Златниот човек од 5 век п.н.е. познат како „казахстански Тутанкамон“ кого научниците го идентификувале како 18-годишен воин од скитското племе Сака.

Откриен бил од археолозите во 1969 година во гробница на локалитетот Исик, 50 километри источно од градот Алмати. Покрај златниот воин, изложбата ќе претстави речиси 200 други вредни археолошки наоди,меѓу кои и сребрената чаша од Исик со сè уште недешифриран натпис, значајна зашто сведочи дека писменост во Великата степа во централна Азија постоела и пред три илјади години.

Изложбата досега била поставена во осум градови (Минск, Москва, Баку, Сиан, Гдањск, Сеул, Казан и Ташкент).

Изложбата ќе отворена до 11 август, а влезот ќе биде бесплатен.