Карпош ќе дава субвенции за велосипеди до 3000 денари

Жителите на Општина Карпош ќе добијат субвенции за купување нови велосипеди, одлучија советниците. Консензуално, на вчерашната деветта седница на Советот, тие ја изласаа предлог-одлуката за согласност за распишување на Јавен оглас и спроведување постапка за одобрување на субвенциите.

Притоа локалната самоуправа ќе субвенционира со максимален износ од 3.000 денари за купување на нови велосипеди по принципот „прв пријавен, прв услужен“. Како што истакна и градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев по исцрпување на предвидените финансиски средства од буџетот на Општината, со негов ребаланс, ќе се обезбедат нови финансии за продолжување на оваа практика и во иднина.

Одлуката на Советот ќе важи за сите велосипеди кои ќе бидат купени од 26 април годинава.

Пред неколку дена и Град Скопје распиша повик за субвенции за велосипеди. Градот субвенционира 50 отсто од сумата за новиот велосипед, но не повеќе од 3.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.