Кампања за поддршка на средношколци да одат на светски натпревари по математика и физика

„Ние веруваме дека добросостојбата на општеството може да се постигне само преку постојано учење и образование“, се вели во кампањата за собирање донации за талентирани македонски средношколци.

Оваа кампања е наменета да ги поддржи македонските средношколски тимови по математика и физика за претстојниот интернационален натпревар во јули, кој ќе се одржи во Португалија за физика и Романија по математика.

„Вашата донација и поддршка ќе им помогне на македонските тимови да ги добијат потребните средства за такса за регистрација и за транспортни трошоци“, стои во кампањата.

ТУКА може да се донира за поддршка на средношколците.