Калуѓерки изградија капела на „света“ земја за да спречат градење на гасовод

Калуѓерки од САД им дозволија на активисти кои протестираат против довод на природен гас, да изградат капела на нивниот имот за федералната агенција која го одобрила гасоводот, да мора да го спречи проектот.

Обожавателите на Крвта на Христа ја тужеа Федералната регулаторна комисија за енергија, затоа што на нивната „света земја“ почнале со градба на гасоводот. Портпаролката на агенцијата вели дека комисијата нема да ја коментира тужбата.

Калуѓерките вели дека гасоводот ја нарушува нивната цвrста верба во „светоста на Земјата“  и тужбата ја основаат на федералниот Закон за религиозна слобода. Овој закон е веројатно најдобро познат по одлуката на Врховниот суд во 2014 година, со која му се овозможи на синџирот Hobby Lobby, во сопственост на христијанската црква, да биде исклучен од федералниот закон според кој мора да се продаваат контрацептиви во супермаркетите, како дел од плановите за сексуално здравје и превенција.

„Јасно е дека тие ја сфаќаат сериозно вербата дека Земјата е дело на Господ и треба да се зачува и заштити“, вели адвокатот на калуѓерките, Џ, Двајт Јодер.

Во посебен судски спор, калуѓерките треба да одат на сослушување со Окружниот суд на Ланкастер, поради наводна клевета на Williams Natural Gas, кои инвестирале во гасоводот.

Претходно религиозната секта ја водела активистичката група Ланкастер против гасоводи, што довело до градење на капелата на зејата која припаѓа на калуѓерките.

Крис Стоктон, портпарол на Williams Natural Gas, вели дека компанијата понудила да плати повеќе од што вреди имотот. Тие се спогодиле со речиси сите од 1.000 сопственици чии плацови се протегаат долж 322 километри низ кои треба да поминува гасоводот.

„Обожавателите претставуваат една од помалку од 30 сопственици на имот со кои уште не сме финализирале договор“, вели Стоктон. Гасоводот ќе биде закопан околу 1,5 метри под земја на парцелите, а од компанијата велат дека нема ни да се забележува дека постои.

Но, калуѓерките во писмена изјава рекле дека гасоводот е „неетички според длабоко почитуваните религиозни гледишта кои ги имаат“. Тврдат дека ја почитуваат природата и ја негуваат земјата како „подарок на убавина и негување и наследство за идните генерации“.

Гасот од гасоводот доаѓа од Њујорк, а треба да протекува сè до Мексиканскиот залив.