„Кален“ и Котур почнуваат пролетна едиција на проекции и дискусии на еко теми

Здружението „Кален“ и Котур организираат пролетна едиција на проекции и дискусии.

„Заробени во сред еколошка хаварија на загадување, себеуништување и комплетен био-дисбаланс, приморани сме да изнајдеме решение против себе-уништувањето. Па бидејќи сме заедно во “живиот песок“ заедно и треба да се извлечеме од него. Решивме прво да истражиме и да видиме што научниците и активистите низ светот превземаат како решенија на глобално ниво, за потоа ние обединети да делуваме на локално“, велат од „Кален“ и Котур.

Првата проекција и дискусија ќе се одржат во четврток, со почеток од 18 часот. Ќе се прикажува документарниот филм „Зелено Злато“ од Џон Д. Лиу (Green Gold by John D. Liu) по што ќе следува дискусија на тема „Рехабилитација на деградирано земјиште“ со шумарскиот инженер Огнен Ончески.

За документарниот филм:

„Секои 12 години популацијата се зголемува за 1 милијарда луѓе. Гледајќи на Земјата од вселената, степенот на уништување е зачудувачки, но еден човек откри како да ги направат пустините зелени и нашата планета здрава повторно. Го следиме снимателот и еколог Џон Д. Лиу.”