„Како до подобра контрола врз управувањето со шумите?“ – Онлајн дискусија на кампањата „Разбистри сè“

Во четврток (11 март) од 11 часот ќе се одржи онлајн панел дискусија „Како до подобра контрола врз управувањето со шумите?“ која се организира во рамки на кампањата „Разбистри сè“ која ја спроведуваат Асоцијацијата за демократски иницијативи АДИ во соработка со Институтот за комуникациски студии.

На дискусијата ќе се зборува за применливоста на политиките за контрола при управувањето со шумите, предизвиците при вршење на инспекцискиот надзор и како да се подобри контролата при управувањето со шумите. Свои излагања ќе имаат претставници од ЈП „Национални шуми“, Државниот инспекторат за шумарство и ловство, Шумската полиција, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и од Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“.

„Нелегалната сеча претставува сериозен и долгорочен проблем, којшто го доведува во прашање одржливото управување со шумите. Проценките се дека нелегалната сеча во Македонија се движи од 25 до 30 проценти од вкупно исечената дрвна маса. Чувањето на шумите е задача на шумската полиција и на шумочуварските служби чии надлежности се преклопуваат, а работата на шумската полиција е отежната и поради насилното однесување на оние кои ги пустошат шумите. Инспекторатот за шумарство и ловство не располага со доволно инспектори што доведува до намалена ефективност, а учеството на изречени инспекциски мерки во однос на извршените надзори укажува на низок степен на казнивост (13%). Потребно е да се подигне нивото на меѓусебна соработка и координација меѓу повеќе државни органи, како и со судските органи коишто треба да ги процесираат казните во најбрз период“, велат организаторите.

Сите заинтересирани можат да се вклучат во дискусијата која ќе се одржи преку платформата „Zoom“ со регистрирање на ОВОЈ ЛИНК.

Повеќе информации може да најдете ТУКА.