Јутјуб објави стотина бесплатни филмови

„Јутјуб“ дозволи бесплатно гледање на дел од познатите холивудски филмови, откако во текот на октомври додаде стотина класици кои може да се гледаат без претплата. Сепак, слично како на телевизија, на одделни места ќе бидат прекинувани со реклами.

Категоријата „Free to watch“ главно вклучува постари филмови и некои познати наслови како „Роки“ и „Терминатор“, „Легална русокоса“. Рекламите ќе се појавуваат без некој редослед, во текот на филмот. Бесплатните филмови се сместени во категоријата „Movies & Shows“, во делот „Free to watch“.

Компанијата се одлучи да понуди бесплатни филмови откако се покажа дека корисниците ја сакаат таа опција.Не е познато како ги плаќа рекламите и дали има склучено договори со филмските студија, но се очекува постепено да се проширува листата со бесплатни филмови.

Новата услуга засега е достапна само за корисниците во САД. Се очекува наскоро да биде проширена и во другите држави низ светот. Претплатниците на „Јутјуб премиум“ ќе имаат предност и ќе можат да гледаат филмови без реклами.