Јутјуб нема да дозволува заработка ако каналот нема барем 10 000 прегледи

Поминаа речиси пет години откако Јутјуб ја направи својата партнерска програма достапна за сите, со која им дозволуваше на луѓето да креираат свој канал и да заработуваат пари. Но, компанијата соопшти дека учесниците повеќе нема да се во можност да заработуваат од нивните канали ако не достигнат барем до вкупно 10 000 прегледи.

Откако каналот ќе ја достигне оваа цел, Јутјуб ќе го разгледа во согласност со нивните политики за да види дали каналот може да започне со заработката на пари.

Јутјуб вели дека ова е дизајнирано со цел да го намали бројот на измамници кои заработуваат преку содржини кои се против нивните правила.

„За неколку недели, ние ќе воведиме и процес на ревизија за новите учесници кои сакаат да бидат дел од партнерската програма на Јутјуб. Откако личноста ќе достигне 10 000 прегледи на нивниот канал, ќе разгледаме дали неговата активност е против нашите политики“, соопшти Ариел Бардин, заменик претседателот на Јутјуб.

„Ако се изгледа во ред, ние ќе го додадеме каналот во партнерската програма и ќе започнеме да служиме реклами. Со новите прагови ќе се осигураме дека приходите одат само кај создавачи на содржини кои играат според правилата“.

Јутјуб доби огромни критики откако реклами на неколку големи брендови се појавуваа веднаш до навредливи видеа. Тоа предизвика повеќе од 250 брендови да ги отстранат своите кампањи. Со овој бојкот, се проценува дека компанијата би можела да изгуби до 750 милиони долари.