ЈСП: Ученичките билети за бесплатен превоз не важат за време на распустот

ЈСП Скопје ги потсетува учениците дека бесплатниот превоз не важи за време на летниот распуст.

„Основците/средношколците (не важи за матурантите) можат да купат месечен билет по повластена цена, односно 600 денари чини месечен билет за јули или август“, информираат од јавното претпријатие.

Овој билет, појаснуваат од ЈСП, важи за сите линии (градски и приградски).