ЈСП со изменет возен ред за празниците

Автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ ќе сообраќаат со изменет возен ред поради двата празници.

Сооопштението на ЈСП ви го пренесуваме во целост:

1.На ден 24.05.2018 год. (четврток) автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред.
2. По повод претстојниот празник „Духовден“ЈСП-Скопје и приватните превозници ќе работат по следниот распоред:
а. На ден 25.05.2018 год.(петок) автобусите ќе сообраќаат по саботен возен ред, освен линиите број 11,11а,18а, 47а, 51, 51а, 55, 56, 56а, 65А, 80а, 81,180  кои ќе сообраќаат по делничен возен ред, а лин.бр. 25А и 25Б нема да сообраќаат. ЈСП Скопје ќе го зголеми бројот на поаѓања кон гробишта Бутел од Карпош, Ново Лисиче , Кисела Вода и во зависност од потребите на граѓаните ќе бидат ангажирани соодветен дополнителен број на автобуси во периодот од 7.00 до 14.00 часот.
б. На ден 26.05.2018 год.(сабота) автобусите ќе сообраќаат по саботен возен ред. ЈСП Скопје ќе го зголеми бројот на поаѓања кон гробишта Бутел од Карпош, Ново Лисиче , Кисела Вода и во зависност од потребите на граѓаните ќе бидат ангажирани соодветен дополнителен број на автобуси во периодот од 6.00 до 14.00 часот.
в. На ден 27.05.2018 год.(недела) автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред. ЈСП Скопје ќе го зголеми бројот на поаѓања кон гробишта Бутел од Карпош, Ново Лисиче , Кисела Вода и во зависност од потребите на граѓаните ќе бидат ангажирани соодветен дополнителен број на автобуси во периодот од 5.00 до 11.00 часот.

За поконкретни информации во врска со превозот граѓаните може да се јават кај диспечерот на телефон: 02/3173-224