ЈСП ќе ги дезинфицира автобусите поради коронавирусот

ЈСП Скопје ќе прави вонредна дезинфекција како мерка за заштита од коронавирусот. Ова е соопштено откако вчера беше потврден првиот пациент со овој вирус во С. Македонија.

„Дополнителната (вонредна) дезинфекција ќе се врши секојдневно, сѐ до добиените нови препораки од надлежните институции кои ја следат состојбата со корона вирусот. Инаку, внатрешна дезинфекција на автобусите се врши секојдневно преку т.н. редовна дневна нега (чистење, миење) на возилата. Притоа, возилата се третираат со соодветни еколошки средства кои имаат дезинфекционо својство. Секое возило, пред да се пушти во сообраќај, е подложно на дневна нега“, се вели во соопштението на ЈСП.

Покрај автобусите, кои секојдневно ги корстат 115.000-130.000 граѓани, ќе се дезинфицира и жичарницата на Водно со која стопанисува јавното претпријатие.