ЈСП го пушти во употреба билетот за едно возење

Од ЈСП Скопје известуваат дека билетот ќе може да се купи во сите возила на ЈСП Скопје и во нивните билетарници. Еднократниот билет ќе чини 50 денари согласно одлуката на Советот Град Скопје. Билетот е хартиен, со вграден безконтактен чип и се валидира безконтактно на постоечките валидатори.

„Веруваме дека со воведувањето на билетот за едно возење значително ќе се олесни користењето на јавниот превоз за граѓаните кои ретко го користат јавниот превоз или се од градовите од внатрешноста, олеснителна околност ќе биде за странци, воопшто, за сите оние кои не се во можност или не сакаат да ги користат опциите за користење јавен превоз со „Скопска“ или мобилен телефон“, стои во соопштението на ЈСП Скопје.

Пакетот билети за 10 возења чини 250 денари, билет валидиран преку електронскиот паричник чини 35 денари, а валидацијата со мобилен телефон изнесува 40 денари.

https://www.facebook.com/jspskopjee/photos/a.163528480444350/1903051206492060/?type=3&theater