ЈП „Комунална хигиена“ го исчисти отпадот и во дворот на УКИМ

Службите на ЈП „Комунална хигиена“ денеска го расчистуваа кампусот на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

„Прашањето за неправилното одлагање на отпадот во Скопје е повеќедецениско и неговото решавање бара комплексен пристап. Потребни се научни истражувања за причините на несовесното однесување на граѓаните, но и казнени мерки“, посочи директорката на Институтот за социолошки  и политичко- правни истражувања, проф. д-р Бојана Наумовска.

„И покрај тоа што чистењето на институциите не е обврска ниту надлежност на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, наша одлука е да спроведеме вакви акции секаде каде што ќе согледаме потреба од наша интервенција. Во изминатиот период организиравме акции во повеќе образовни институции, беше исчистен дворот на студентскиот дом „Пелагонија“ и заводот за згрижување „Ранка Милановиќ“, а денес сме на кампусот на УКИМ. Ќе продолжиме со нашите интервенции секаде каде што ќе наидеме на црни точки каде што постојано се создаваат диви депонии, како резултат на неправилното одлагање на отпадот од страна на граѓаните.“- изјави директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани.