Јорданчо Ефтимов е победник на третиот натпревар за „Microsoft Office Specialist“

Јорданчо Ефтимов е победник на третиот Национален натпревар за „Microsoft Office Specialist“ со што си обезбеди учество на Светскиот МОС (Microsoft Office Specialist) натпревар 2018 во САД.

Третиот Национален МОС натпревар за покажување вештини во познавање на апликациите Word, Excel и PowerPoint започна кон крајот на минатата година, а финалето се одржа денеска, во IBank, концептуалната филијала на Стопанска Банка АД-Скопје.

Право на учество на натпреварот имаа млади на возраст од 13 до 22 години – ученици од основните и средните училишта и студентите. Организатор на Националниот натпревар е Certiadria, а целта е да се унапреди дигиталната писменост кај младите во Македонија.

Град Скопје е официјален партнер во организацијата и спроведувањето на Националниот МОС натпревар и во соработка со средните училишта набавува лиценци кои содржат МОС испити. Во текот на изминатите две години, Градот директно поддржа 750 ученици овозможувајќи им бесплатно  полагање на МОС испитите, a  првпат годинава  им  се овозможи на средношколците да полагаат и АСА испит и со тоа да се здобијат со Adobe Certified Associat сертификат.