Јазичарница – нов блог за лингвистика на македонски јазик

Јазичарница e првиот блог за лингвистика на македонски јазик. Станува збор за проект на студентките по лингвистика Нина Тунтева и Викторија Блажеска, поранешни членови од организацискиот тим на студентската филолошка конференција „Како си ми?“, која се одржува секоја година на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.

Целта на овој проект е да ја приближи лингвистиката кон пошироката македонска јавност и да поттикне размислување и дискусија на различни теми поврзани со науката за јазикот и со македонскиот јазик.

„Нивната желба е да пишуваат за лингвистика на едноставен и разбирлив начин и со тоа да создадат збирка од материјали на оваа тема на македонски јазик што ќе биде достапна за сите. На блогот веќе се наоѓаат првите неколку објави, кои служат како вовед во основните теми поврзани со јазикот и лингвистиката“, велат од Јазичарница.

Дизајнот на блогот е дело на Бојан Станиќ.

Содржините на блогот може да се следат на Фејсбук, Инстаграм и Твитер, или преку бесплатна претплата за месечни известувања.