Јасно и гласно: Бесплатно образование за сите – квалитетно само за привилегираните?

Основното и средното училиште во Македонија се задолжителни и бесплатни за сите ученици во земјава во јавните училишта. Но, дали задолжителното образование значи и квалитетно образование? Дали бесплатното образование значи часови дома поминати во учење со родителите, или плаќање дополнителни курсеви? На Светскиот ден на едукацијата, 24 јануари, во „Јасно и гласно“ дискутираме на темата „Јасно и гласно: Бесплатно образование за сите – квалитетно само за привилегираните?“

Гости во студио се заменик министерот за образование Петар Атанасов, наставникот Божо Бубало, професорката Јулијана Јолевска и Стефани Спировска од Младинскиот образовен форум.

Следете ја веб- дискусијата „Јасно и гласно“ во четврток (24 јануари) во 13 часот,  на ФБ страницата на Радио МОФ, а ден претходно вклучете се со ваши коментари, предлози и прашања на дадената тема.

„Јасно и гласно“ е емисија посветена на проблемите кои ги засегаат младите, но и на предизвиците со кои соочуваат во својата област. Секоја емисија останува како подкаст за прегледување на ФБ и Јутјуб каналот на Радио МОФ.