(Из)вонредно предавање – Приказ на жената во филмовите: главниот спореден лик

Последното и десетто по ред (из)вонредно предавање е насловено „Приказ на жената во филмовите: главниот спореден лик“.

Предавањето ќе го одржи нашиот член Бисера Самарџиева на 16 мај во 19:00 часот на платформата за видео комуникација Zoom.

Ова отворено предавање е посветено на филмовите и улогата на женските ликови во истите. Филмот е еден од најдобрите медиуми за раскажување на приказна. Комплетна контрола врз сценографија, можност за пресликување на реалноста, актери коишто ги доловуваат сите емоции на сценариото. Но, што се случува кога ќе се занемари некој лик? Поточно што се случува кога ќе се занемарат женските ликови? Во ова предавање ќе се разгледаат популарни калапи за женски ликови од Manic Pixie Dream Girl до Femme Fatale, со цел да ги истражиме, анализираме и да откриеме  што означуваат истите?

Ќе откриеме како да се препознаат овие ликови, ќе разгледаме што ги прави нив толку посебни и која е нивната позиција во дејствието во филмот. Но, тоа што најмногу не интересира е – ако филмот треба да личи на реалноста,  зошто толку често женските ликови изгледаат токму спротивното – нереални?

За да го проследите предавањето треба да го пополнитe краткиот прашалник: https://forms.gle/QJoc5heha3Bx3tPV6

Доколку веќе сте регистрирани за (Из)вонредните предавања, кога ќе дојде терминот за предавање ќе ви биде испратен е-маил со линк до предавањето.

Отворените предавања за млади се организираат во склоп на проектот Ангажирање на младите за студентски и младински политики, поддржан од Фондација Отворено општество-Македонија.