Извештај на СИПРИ: Војни, климатски промени, беда – предупредување за иднината

Стокхолмскиот институт СИПРИ предупредува дека климатските промени, односно лошите и корумпирани власти често доведуваат до вооружени конфликти. Сето тоа заедно е закана за светот и мора да се дејствува веднаш. Уништувањето на шумите, топењето на глечерите и загадувањето на океаните се поврзани со повеќе жртви во конфликтите, зголемено трошење за оружје и луѓе кои гладуваат, се вели во новиот извештај на Стокхолмскиот институт за истражување на мирот.

Во извештајот се наведува дека во Сомалија, земја во источна Африка која е во граѓанска војна со децении, во исто време сушата го осиромашува населението, нема превенција, владата е слаба, а луѓето паѓаат во рацете на исламистичката паравојска „Ал Шабаб“.

Од СИПРИ посочуваат дека неиздржливо е и во Централна Америка, додавајќи дека лошите жетви поради климатските промени се интензивираат со насилство и корупција, додека луѓето се принудени да бегаат во САД.

„Природата и мирот се испреплетени така што загрозувањето на едното го оптеретува другото, додека поттикнувањето на едното го зајакнува и другото. Можно е да се направи нешто, а моментот да се направи нешто е – сега“, предупредува директорот на СИПРИ, Ден Смит за „Дојче веле“.

СИПРИ го подготви извештајот за претстојниот 9. Стокхолмски форум за мир и развој и сака да послужи како предупредување за политичарите.

Во извештајот се наведува дека многу власти во светот не ја сфатиле тежината на кризата, не посветуваат доволно влијание, па дури и ја поттикнувале несигурноста.

„Други претседатели на држави или влади би дејствувале, но имаат други приоритети кои бараат време и внимание, како што се пандемијата во последните две години и моментално војната во Украина“, рече Смит.

Група автори од мировниот институт и други институции заклучуваат дека „нашето општество можеби е побогато од порано, но е многу понесигурно“.

Климатските промени предизвикуваат временски непогоди, а пандемијата го загрози глобалниот синџир на снабдување. Насилството и лошата жетва ги направија животите на многу земјоделци невозможни и придонесуваат за миграцијата во светот. Жртви се „често земји кои веќе страдаат од сиромаштија и лоши влади“, според експертите на СИПРИ.

Тука се и вооружените конфликти, се посочува во извештајот, додавајќи дека од 2010 до 2020 година нивиот број се удвоил на 56. Бројот на бегалци, исто така се удвоил на 82.4 милиони. Пред две години, бројот на нуклеарни глави се зголеми откако со години се намалуваше, се додава во извештајот.