Изложбениот центар Матка е добитник на наградата „Музеј на годината“

Изложбениот центар Матка е добитник на наградата „Музеј на годината“ која ја доделува ICOM (International Council of Museums) – Македонија. Наградата се доделува по повод 18 Мај – Меѓународниот ден на музеите за особени достигнувања во музејската дејност за 2017 година.

Изложбениот центар Матка кој лани го отвори ЕВН Македонија го посетија над 7.000 посетители. Во Македонија ова е прв центар кој се бави со техничките науки, се служи со модерен музејски пристап и содржината е претставена на забавен и интерактивен начин.

Поставката е сместена во зградата на старата хидроцентрала на Матка која за граѓаните на Скопје е од особена важност затоа што го има овозможено растот и развојот на градот во 20 век. Во него можат да се видат оригинални стари предмети, архивски материјали, филмови, фотографии, интервјуа и интерактивни модели кои беа изработени специјално за оваа намена и од кои посетителите учат додека ги испробуваат нивните функции и можности.

Матка е отворена секој ден, освен понеделник, од 10 до 15 часот.