Изложба „За спас на планетата Земја“ во галеријата „Ко-Ра“

Со изложбата насловена „За спас на нашата планета Земја“, група ликовни уметници од повеќе земји ќе се претстават со своите дела на традиционалната изложба по повод Денот на пролетта, „Деновите на екологијата“ – манифестација со која Домот на културата „Кочо Рацин“ секоја година дава свој придонес во афирамцијата на оваа проблематика од глобално значење.

Изложбата ќе биде отворена денеска, 21 март, во 19 часот во големиот салон на Галерија „Ко-Ра“ во Домот на култура „Кочо Рацин“.

На изложбата ќе бидат изложени дела во повеќе техники, слики, графики, скулптури, инсталации на уметници од Македонија, Австрија, Велика Британија, Германија, Холандија, Хрватска, Украина и Русија.