Изложба од биофотоконкурс со тема „Тајниот јазик на цвеќињата“

Истражувачко друштво на студенти биолози-ИДСБ за петок (8 јуни) организира изложба на биофотографии кои учествуваа на конкурсот на тема ,,Тајниот јазик на цвеќињата”.

Отворањето на изложбата започнува во 19 часот. На настанот ќе бидат прогласени победниците, односно прво, второ и трето место.

„Се гледаме во петок во прекрасното и комфорно кафуле ‘Coffee O’Clock’ кое се наоѓа позади ‘Рамстор’, на раскрсницата пред клуб ‘Станица 26’“, велат од ИДСБ.