Изложба на улични фотографии инспирирани од секојдневието

УлИзложба на улични фотографии инспирирани од секојдневиетоичната фотографија која го доловува животот на обичните луѓе- такви се фотографиите на Борко Тодоровски, аматер кој викендов ја одржа својата втора самостојна изложба на црно – бела фотографија насловена како „Street Karma“.

Кармата е енергија што ние ја ослободуваме и со тек на време се што правиме ни се враќа, животот е премногу краток за да се расфрламе со лоша карма. Ова е пораката која што Борко Тодоровски се обиде да ја испрати со својата последна изложба.

Тој доаѓа во допир со фотоапаратот уште од мали нозе, но според неговите зборови, тогаш единствено знаел само да го скрши и расипе објективот. Дваесетина години подоцна, неговата посветеност и инспирација инспирирани од секојдневието на човекот, го прават голем вљубеник во уличната фотографија.

Izjava na Borko Todorovski by Radio Mof on Mixcloud

Со се поголемата популарност на социјалните мрежи која се формира меѓу младите луѓе, уметничката фотографија не е толку вреднувана колку што всушност треба да биде, констатира тој.

Борко Тодоровски е млад човек кој има дипломирано на Правниот факултет „Јустинијан Први“ на отсек Политички студии. Со фотографирање се занимава аматерски и засега , вели тој не планира да завлезе во професионалните води. Иако во животот никогаш не се знае што не чека, засега фотографирањето останува неговото најомилено хоби.

Изложба на улични фотографии инспирирани од секојдневието

Изложба на улични фотографии инспирирани од секојдневието

Изложба на улични фотографии инспирирани од секојдневието

Изложба на улични фотографии инспирирани од секојдневието

Добринка Темелкова