Изложба на тројца српски уметници во МКЦ

Вечерва (15 мај) со почеток во 20 часот, во галеријата МКЦ ќе биде отворена групна изложба на српските уметници Мирослав Живковиќ, Братислав Басиќ и Владимир Јанковиќ.

Авторите ќе се престават со слики и цртежи работени последниве години.

Мирослав Живковиќ е роден 1972 година во Ниш – Србија. Завршил Факултет за уметности и постдиполомски студии во класата на професор Хилмије Чатовиќ 1998 година. Имал 33 самостојни изложби. Работи на Факултетот за ликовни уметности во Ниш како вонреден професор за предметот вечерен акт. Член е на УЛУС.

Братислав Басиќ е роден 1962 година во Ниш – Србија, студирал сликарство на Факултетот за ликовни уметности во Белград во класата на Војислав Тодоробиќ. Со дипломирањето во 1987 година станува и член на УЛУС, магистрирал 1990 година. Имал триесет самостојни изложби. Работи како вонреден професор на Факултетот за уметности во Ниш.

Владимир Јанковиќ е роден 1952 година во Алексинац – Србија, дипломирал на Факултетот за уметности, сликарски отсек во Белград 1987 година , 1981 дипломирал на постдипломски студии на истиот факултет. Член е на УЛУС од 1980, а од 1912 член на УЛУПУДС. Работи како вонреден професор на факултетот во Ниш, на сликарскиот отсек. Досега има остварено 42 самостојни изложби.