На вториот распишан конкурс за стрип наградата „Лифт“, издавачката куќа „Темплум“ извести дека добила дваесетина стрипови од 18 автори, од кои наградени се три уметнички дела. Жирито за „Лифт“ годинава го сочинуваа Никола Гелевски, Јана Јакимовска и Владимир Битољану.
Во понеделник, во кафулето „Гаврош“, ќе бидат доделени наградите од втората стрип награда „Лифт“, а ќе биде промовирана книгата во која се застапени десет автори кои учествувале на конкурот.
Во „Гаврош“ ќе има и изложба на трите наградени стрипови.
Во продолжение погледнете дел од авторите кои се застапени во книгата.
- Џошкун Алиевски со стрипот „Hope“ (4 страници)
- Александар Цветкоски (цртеж и сценарио) и Блажеј Атанасовски (сценарио) – „Мирен сон“ (5 страници)
- Филип Велковски – „Neon youth“