Изложба на Иван Петрушевски – „Херои и нули“

Во недела (26 јули) во МКЦ галеријата се отвара изложбата на Иван ПетрушевскиФлим насловена Херои и Нули / Heroes and Zeros.

Изложба на Иван Петрушевски - „Херои и нули“

Изложбата ја сочинуваат 18 дела инспирирани од фиктивни карактери кои различните медиуми на поп-културата и времето ги имаат иконизирано, а авторот ги портретизира преку својот препознатлив визуелен стил.

Изложба на Иван Петрушевски - „Херои и нули“

Флим е илустратор и графички дизајнер кој живее и работи во Скопје.

Целиот серијал од 18 илустрации со димензии од 70х70цм е изработен оваа година и досега не е прикажан на друго место. Изложбата ќе биде продажна.