Изложба на фотографии на Боро Рудиќ во Музеј на град Скопје

Во Музејот на град Скопје вечерва (18 февруари) со почеток во 20 часот ќе биде отворена самостојна изложба на фотографии на Боро Рудиќ кој е долгогодишен член на фотоклубот „Елема“ и актуелен претседател на Фото Сојузот на Македонија,

Покрај самостојната изложба која е насловена „Настанување исчезнување“, вечерва во Музејот ќе биде промовирана истоимената книга на фотографот. Предговорот е напишан од професорот Ферид Мухиќ, кој ќе ја промовира книгата и ќе ја отвори изложбата.

Изложбата на која ќе бидат претставени четириесетина фотографии во голем формат ќе трае до 1 март.