Изложба на Давор Кешќец и Стефан Младеновски во галеријата на МКЦ

Во галеријата на Младинскиот културен центар на 22 октомври (четврток) од 20 часот ќе биде отворена изложбата на Давор Кешќец и Стефан Младеновски.

Ова е нивна прва заедничка изложба на која Кешќец ќе се претстави со серија на дела под наслов „Blue moon“, а Младеновски со неговите „Ликовни решенија“.

„На изложбата ќе може да се видат две сосема различни гледишта кон ликовната уметност“, се вели во најавата на изложбата.

Давор Кешќец и Стефан Младеновски се колеги кои заедно имаат завршено средно уметничко (оддел графика) и се дипломирани графичари на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Членови се на ДЛУМ од 2020 година.

Организаторите потенцираат дека на отворањето ќе бидат запазени сите мерки за заштита од Ковид-19.