Изложба „Магла“ во „Мала станица“ на четворица косовски и еден австриски уметник

Вечерва во мултимедијалниот центар „Мала станица“ ќе биде отворена изложбата „Магла“, а поставката ќе остане достапна за јавноста до 2 јуни.

Учесници на изложбата се четворица косовски и еден австриски уметник – Луан Бајрактари, Газменд Ејупи, Дритон Селмани, Алберт Алгајер и Фатмир Мустафа – Карло.

Изложбата е под кураторство на Ави Лубин, познат израелски куратор и годинашен куратор на израелскиот павилјон на Венецијанското биенале.

Организатор на проектот е Ана Франговска, виш кустос во Националната галерија на Република Северна Македонија, а изложбата е организирана во соработка со Националната галерија на Република Косово.