Изложба „ЕМО Азбука“ на Гордана Винчиќ во галерија „Колектив“

Во галеријата „Колектив“ во четврток (18 април) од 20 часот ќе биде отворена изложбата „ЕМО Азбука“ на уметницата Гордана Винчиќ.

„Азбуката и е, помистична од што можеме да предпоставиме. Според прастарите записи во манускриптите, секоја буква крие магично зборче кое може да инициира: богатство, просветлување и повраток од ‘темнината’. Денешната азбука влече длабоки корења од хиероглифитe а пак тие од семитскиот систем“, се вели во најавата за изложбата.

Винчиќ вели дека сакам да потикне кај гледачот љубопитност за мистиката на азбуката и емоциите кои таа визуелно може да му ги побуди.

„Со голите женски тела сакам пак да ја искажам сличноста на азбуката со женската мистика која често се спојува со емоциите. Гледајки ги цртежите, вниманието на набљудувачот ќе му го земат и буквите, воден од својата асоцијативна представа ќе се подзамисли. Тие сликовито ќе го асоцираат на: личност, предмет, настан и слично а со тоа и ќе побудат цела палета на емоции“, вели Винчиќ.

Инаку, на изложбата ќе бидат претставени 31 цртеж на хартија изработени во техника јаглен и пастел.