Изложба „Чудниот рај“ на Сашо Блажес

Во Галеријата „Ко-Ра“ денеска од 19 часот ќе биде отворена изложбата „Чудниот рај“ на ликовниот уметник Сашо Блажес.

„Секвенците на игросказот, парцијализирани, каледидоскопски се преточуваат и нé водат со магична леснотија низ едно непредвидливо сиже , фабула на секвенци, толку навидум едноставни и непретенциозни, а воедно и толку сугестивни“, наведува кураторот на изложбата Виолета Калиќ за творештвото на Блажес.

Романскиот уметник, професор и куратор, Марилена Преда Санк, посочува дека делата на Блажес инкорпорираат витални универзуми, разиграни и спонтано иронични оркестрирани со една автентично креативна способност и искреност.

„Препознатливите елементи од световите на пишаното и искусеното се конвертираат во секвенци на едно специфично визуелно сценарио кое авторот ни го предложува да го поминеме. Една седукативна изложбена патека полна со фантазии, наведува Преда Санк“