Излезе најновата верзија на WordPress

WordPress 4.1 е најновата верзија која се карактеризира со голем број на нови функции заедно со нова тема. Верзијата е наречена „Дина“ во чест на џез пејачката Дина Вашингтон.

Секоја година WordPress излегува со нова тема, така оваа година новата тема се карактеризира како убава, практична и го користи фонтот Noto Web на Google.

4.1 верзијата вклучува и олеснување на пишувањето на тој начин што нуди можност да се отргнат сите натрупани работи на блогот со цел да се фокусирате на пишувањето.

Освен ова, постојат ред други помали функции како Vine embed, повеќе јазици, способноста да се одјавите насекаде и еден куп подобрувања за за програмери.