Изгладнета поларна мечка залута во рускиот индустриски град Норилск

Поларна мечка се оддалечила од брегот и тргнала кон југ, оддалечувајќи се од своето природно живеалиште. Мечката е фотографирана додека шета низ улиците на Норилск барајќи храна.

Локалните жители велат дека ова е првпат во 40 години да видат поларна мечка во нивниот град. Мечката поминала повеќе од 1000 километри за да пристигне во градот.

Таа беше забележана во индустриската зона, а една од пошокантните глетки е додека лута низ депонијата.

Надлежните служби засега разгледуваат две опции за нејзината иднина – или да биде успиена и вратена до Арктичкиот брег, или да се смести во Зоолошка градина.

Инаку, Норилск поради фабриките и големите депонии важи за еден од најзагадените градови во Русија.