Избрани добитниците на наградата „13 Ноември“

Тимот доктори кои ја извршија првата трансплантација на срце во Република Северна Македонија, епидемиологот Жарко Караџовски, алпинистката Илина Арсова, како и волонтерите кои им помагаат на децата заболени од малигни болести на Клиниката за детски болести, се дел од избраните добитници за годинешната награда „13 Номеври“ што ја доделува Град Скопје.

Наградата се доделува на физички и правни лица како знак на признание на Градот Скопје за остварувања во сите општествени области – од наука и уметност, до спорт, образование и здравство.

Во продолжение, погледнете ја целата листа на добитници на наградата „13 Ноември“:

Од областа на публицистиката

1.ТОНИ ДИМКОВ
Новинар, уредник на „Културен печат“

-за професионална посветеност и публикување на настаните од уметничкиот и културниот живот во Скопје

Од областа на образованието и воспитанието

1.СЕРВЕТЕ ФИДА
Учителка по албански јазик

-за долгогодишна успешна работа во воспитно образовната дејност

Од областа на културата

1.ЉУБОМИР ЧАДИКОВСКИ
Поранешен директор на НУ Театар за деца и младинци-Скопје

-за значајни придобивки и успеси на Тетарот за деца и младинци – Скопје на сите полиња за време на неговото директорување

2. НИКОЛА АНГЕЛОВСКИ
Артист,режисер,преведувач,сценарист,комедиограф

-за 60 години творештво во областа на театарот и филмот

Од областа на науката

1. ПЕТАР НАМИЧЕВ
Архитект, Професор на Универзитет Гоце Делчев Штип

-за Монографиите „Традиционалната куќа во скопскиот регион од 19 век“ – 2020 година и „Традиционалната архитектура во Скопска Црна Гора од 19 до ран 20-ти век“-2018 година

Од областа на уметноста

1.ДИМЕ ПОПОВСКИ
Естраден уметник

-за особен придонес во музичката уметност

Од областа на хуманитарната активност

1.АНДРИЈАНА СЕРАФИМОВСКА, ТЕО ТАСЕВ, ТЕОДОРА ТРАЈКОВСКА, ФИЛИП ДИМИШКОВКИ и БОЈАН РИСТОВСКИ
Деца волонтери кои им помагаат на децата заболени од малигни болести на Хемато-онколошкото одделение при Клиниката за детски болести – Скопје

-за несебично вложување во интерес на здравјето на децата кои се борат со малигни болести

Од областа на здравствената заштита

1. Тим на доктори кои ја извршија првата трансплантација на срце во РСМ
Проф.д-р Сашко Јовев, академик Жан Митрев, д-р Маја Мојсова, д-р Васил Папестиев, д-р Марјан Шокаровски, д-р Ванѓел Зравески, д-р Кјутим Џелили, д-р Тања Анѓушева, д-р Никола Христов, д-р Стефанија Хаџиевска, д-р Надица Мехмедовиќ, д-р Весна Миташова, д-р Јасмина Илиевска, д-р Марија Гераковска и д-р Димче Славевски

-за успешно извршена трансплантација на срце

2. д-р ЖАРКО КАРАЏОВСКИ
Епидемиолог

-за заслуги во здравството

Од областа на спортот

1. ИЛИНА АРСОВА
Планинар, алпинист

-за искачување на 7-те највисоки врвови на 7 континенти

Правни лица

1. ДРУШТВО НА ЛИКОВНИТЕ УМЕТНИЦИ НА МАКЕДОНИЈА
Правно лице

-за 75 години заокружена творечка и континуирана работна целина

Ученици и студенти

1. МАТЕЈ МИЛОСИЕВСКИ
Ученик во ПСУ „Јахја Кемал“

-за континуирани успешни постигнувања во наставните и воннставните активности

2.АНГЕЛА ПЕТРОВСКА
Ученичка во СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“

-за континуирани успешни постигнувања во наставните и воннаставните активности

3.ВЕДРАНА ПЕТРОВА
Ученичка во СУГС Гимназија „Јосип Броз-Тито“

-за континуирани успешни постигнувања во наставните и воннаставните активности

Добитниците беа избрани со тајно гласање во кое учествуваа: претседателот на Комисијата Вангелина Мојаноска и членовите: Лорета Георгиевска-Јаковлева, Газанфер Бајрам, Севдаиљ Демири, Халил Зендели, Бранко Цветкоски, Виолета Томовска, Петре Арсовски, Роландо Кутиров, Љубиша Станковиќ и Даница Стојанова.