Италијански градоначалник ги затвори канцелариите по масовните апсења за отсуство од работа

Градоначалникот на малиот град во близина на Неапол, Боскотреказе (Boscotrecase), мораше да ги затвори повеќето општински канцеларии, откако полицијата уапси 23 луѓе од нивниот персонал во вторникот, при најнови откритија за отсуство од работа во јавниот сектор во Италија.

Полицијата уапси речиси половина од сите вработени во канцелариите на градското собрание на Боскокетрасе, по истрага која траеше цела недела, за која велат дека разоткрила 200 случаи на отсуство од работа, вклучувајќи 30 лица.

Вработените биле снимени како заминуваат за да работат свој личен бизнис и како користат повеќе картички за да регистрираат отсутни колеги.

Во едно од полициските видеа е прикажано лице кое ја подесува безбедносната камера и потоа става картонска кутија над главата за да го скрие својот идентитет пред да употреби две картички.

„Најверојатно ќе треба да го затворам градското собрание”, вели Пјетро Каротенуто, избран пред само еден месец како градоначалник на град со 11 000 луѓе.

Тој рече дека четири големи оддели во градското собрание се затворени во вторникот поради недостиг на кадар. Помеѓу уапсените, обвинети за измама против државата, се вклучени и шефот на локалната сообраќајна полиција и шефот на сметководство на градот.

Работниците, обесхрабрени од неодамна објавените владини мерки против отсуство од работа, се суспендирани од работа помеѓу шест и 12 месеци, и ризикуваат од евентуално отпуштање од работа.