Истурена боја врз Министерството за култура и Општина Аеродром

Во текот на ноќта непознати лица истуриле жолта боја на влезот на Министерството за култура и црна боја на ѕидовите од зградата на Општина Аеродром.

Покрај бојата, на зградата на Министерството со црвени букви било испишано „МКД“.

Меѓу првите, фотографијата од обоеното министерство беше споделена на Фејсбук страната на движењето „Млади за Македонија“.

„Денес не умре Македонија, денес се роди црвено-жолтиот отпор на македонскиот народ. Министерството за култура офарбано во македонските национални бои. Ова е знак дека борбата на македонскиот народ не е завршена, туку борбата сега почнува“, стои во објавата на Млади за Македонија.

Двата настани биле пријавени до Министерството за внатрешни работи, а од таму соопштиле дека преземаат мерки за расчистување на настаните.