Истражување: Две третини од дивите животни во светот може да изумрат до 2020 година

Бројот на диви животни кои ја населуваат Земјата може да опадне за две третини до 2020 година, според новото истражување Индекс на живиот свет на планетата. Истребувањето е дел од масовно изумирање, кое го уништува природниот свет од кој зависи човештвото.

Анализата, која е најјасна и најдетална досега, индицира дека животинското население опаднало за 58% меѓу 1970 до 2012 година, а може да достигне до рекордни 67% до 2020 година. Истражувачите од WWF (Светскиот фонд за див свет и природа) и Зоолошкото општество на Лондон го направиле истражувањето врз основа на научни податоци, и откриле дека уништувањето на дивите и природни хабитати, ловењето и преголемото човечко население се основните виновници.

Животните кои наскоро ќе ги изгубиме живеат во најразлични услови, од планини и шуми, до реки и мориња. Меѓу нив се и добропознатите загрозени видови, како слоновите и горилите, но и помалку познатите суштества, како саламандерот и мршојадецот.

Колапсот на дивиот свет е, заедно со климатските промени, се најсериозниот знак на Антропоценот, нова геолошка ера во која човечкиот вид доминира со планетата. „Веќе не сме мал свет на голема планета. Сега сме голем свет на мала планета, и достигнавме точка на вриење“, вели професорот Јохан Рокстром, извршен директор на Стокхолмскиот центар за одржливост, во однос на извештајот.

Марко Ламбертини, генерален директор на WWF, вели: „Богатството и разноликоста на светот на Земјата се фундаментални за комплексните животни системи кои ги поткрепуваат. Животот се поддржува самиот и сите сме дел од истата равенка. Доколку ги изгубиме биодиверзитетот и природниот свет, системите за одржување на самиот жив свет како што ги знаеме денес, ќе пропаднат“.

Тој вели и дека човештвото е сосема зависно од природата за чист воздух и вода, храна и материјали, како и за инспирација и среќа.