Испечени првите колачиња во вселената

Чоколадни колачињата станаа првата храна што е испечена во вселената, во првиот ваков експеримент. Астронаутите ги печеле колачињата во специјална рерна со нулта гравитација на Меѓународната вселенска станица (ISS), минатиот месец.

Ставени во посебни торбички за печење, три од колачињата се вратија на Земјата на вселенското летало „SpaceX Dragon“ на 7 јануари. Целта на експериментот беше да се испитаат опциите за готвење за долгите патувања.

Резултатите од експериментот, спроведени од астронаутите Лука Пармитано и Кристина Кох, ќе бидат откриени деновиве. На прашањето каков им е вкусот, се уште никој не знае.

Портпаролот на компанијата „DoubleTree“ што го снабдува тестото, за Би-Би-Си изјави дека колачињата „наскоро ќе бидат подложени на дополнителни тестирања од професионалци за храна за да се утврдат конечните резултати од експериментот“.

Овие тестови ќе утврдат и дали колачињата се безбедни за јадење. За експериментот, пет колачиња беа печени во текот на неколку дена за да се утврди идеалната температура и времето за готвење.

На Земјата, потребни се околу 20 минути за да се испечат колачињата, на температура од околу 150C. Астронаутите откриле дека во вселената, процесот трае многу подолго.

Првиот колаче, печено 25 минути, било недопечено. Но, второто, кое се печело 75 минути, пуштило свеж мирис во кабината. Сепак, четвртото и петтиот колаче – едно печено 120 минути и оставено да се лади 25 минути, како и другото печено 130 минути и оставено да се излади 10 минути – се сметаа за најуспешни.

 

Од компанијата „DoubleTree“ велат дека планираат да ги зачуваат колачињата каде посетителите ќе можат да ги видат и да дознаат повеќе за експериментот. Резултатите ќе им помогнат на експертите со идните напори да го направат погостопримливо долгото вселенско патување, додаваат од компанијата.