Исчезнати штитеници од домовите „Ранка Милановиќ“ и „25 мај“

Вчера во 21.30 часот во Полициската станица Гази Баба, од јавната установа „Ранка Милановиќ“ било пријавено  дека на 21 мај во 19.50 часот 12-годишен штитеник на установата самоволно се оддалечил во непознат правец и не се вратил.

Истиот ден, околу 13.30 часот во Полициската станица Чаир, вработена во домот „25 Мај“ пријавила дека 15-годишен штитеник на домот на 21.05.2018 година околу 10.30 часот се оддалечил во непознат правец.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на двете лица.