Исчезна најстариот диџеј во Британија – DJ Derek, полицијата го бара веќе три недели

Најстариот диџеј во Британија, 73-годишниот DJ Derek Morris веќе три недели е исчезнат, а ниту неговото семејство, ниту полицијата, немаат никаква информација за него.

Семејството ги замоли сите кои имаат каква било информација за ветеранот да ја контактираат полицијата или да пишат на профилот на неговата внука Jennifer на Твитер.

Morris е легенда во родниот Бристол, но и во цела Велика Британија. Низ децениите диџејски стаж, тој имал стотици настапи, а соработувал и со големи британски ѕвезди, пред да го објави пензионирањето на почетокот на 2014 година. Тој бил книговодител во фабриката за слатки Cadbury во 70-те, а станал диџеј сосема случајно, кога имал 35 години. DJ Derek, кој во своите сетови пушта рокстеди, реге, ска, денсхол и соул музика, има настап и на фестивалот Гластонбери, како и соработка со Massive Attack, а се појави и во спот на Dizzee Rascal.