Интерните клиники се ставаат во функција на лекување и ковид пациенти, велат од Министерството за здравство

Од денеска на располагање во македонското здравство се 150 болнички кревети за лекување пациенти со Ковид-19 на интерните клиники, соопштија од Министерството за здравство по средбата на Министерот Венко Филипче, со директорот на Клиниката за пулмологија и алергологија, Дејан Докиќ и дел од медицинскиот персонал.

Од Министерството велат дека овој проект, со кој се зголемува сместувачкиот капацитет за пациенти заразени со Ковид 19, нема да го поремети нормалното функционирање на сите овие клиники.

„Изминатиов период, министерот Филипче со директорите на сите интерни клиники одржа повеќе координативни состаноци, медицинските тимови се подготвени да работат и со ковид пациенти, а да ги вршат и тековните прегледи и интервенции закажани преку `Мој термин`“, додаваат од Министерството за здравство.

Вчера во Северна Македонија беа регистрирани 1.128 нови случаи на Ковид-19, како и 12 починати лица. Од почетокот на пандемијата

На Инфективната клиника во Скопје хоспитализирани се вкупно 150 пациенти, во болницата Козле – 33, во ГОБ „8 Септември“ – 79, додека 48 пациенти се сместени во Институтот за ТБЦ.

Низ остатокот од земјава во болниците во Битола и Штип  и инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Кичево, Кавадарци вкупно се хоспитализирани. 586 пациенти.

* Оваа содржина е изработена со помош на Европската Унија во рамките на Проектот за младинско изразување. За објавените содржини е одговорен Младински образовен форум и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.