InTech meetup5 во чест на 20 години Open Source движењето

Во МКЦ клуб ресторанот на 29-ти мај од 18 часот ќе се одржува петтиот InTech MeetUp. Организаторите најавуваат програма со која ќе се прослави 20-тиот роденден на Open Source движењето со комуникација и дружење.

Оваа средба се посветува на историјата на софтверот, така што присутните ќе можат да слушнат за успешни бизнис приказни за компании кои го користат овој софтвер, а истакнати говорници кои со децении се заземаат за него ќе ги споделат своите искуства и очекувања за иднината на Open Source.

Годинава гости се:

  • Сара Новотни, претседателка на Open Source Strategy на GCP, Google
  • Јан Вајлдебор, претставник на ЕMEA Evangelist, Red Hat
  • Висар Зејнулаху, Слободен софтвер Македонија

„Нашите говорници ќе ги споделат своите професионални искуства, знаења и предизвици од секојдневнието во оваа индустрија на иновативност и лидерство“, најавуваат организаторите.

„Ќе зборуваме на теми како изворедниот успех на Open Source движењето од неговото појавување во 1998 до денес, можностите и инспирацијата кои ги нуди, како и успешни приказни од компании кои инвестираат за да се популаризира неговото влијание“, стои во поканата за настанот.

Сите заинтересирани можат да се регистрираат на следниот ЛИНК. (местата се ограничени)