#ИнстаИлустрации – Катерина Николовска

Катерина Николовска – Тери е графички дизајнер и илустраторка, која во моментов работи како фриленсер на повеќе проекти, најчесто илустрации и детски сликовници. Своето високо образование го завршила на Факултетот за дизајн и мултимедија – ФОН, како специјалист по графички дизајн.

Своето слободно време, пак, го користи најчесто за рекреација, во природа и планини.

„Инспирацијата доаѓа од секаде, места кои ги посетувам, книги и филмови, позитивни и негативни емоции, кога се работи за сликовница, текстот, односно самата приказна е она што најмногу ме инспирира. И секако, најприсутно во моите илустрации е ѕвездено небо, месечини, соѕвездија, планети, тиркизна боја итн“, вели за Радио МОФ.

Таа за дел од своите дела е добитник на повеќе домашни и странски награди и признанија.

Николовска е уште една илустраторка која се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрациии. Во продолжение, погледнете дел од нејзините илустрации: