Инстаграм ќе покажува кога некој е „онлајн“

Инстаграм воведува нова опција за своите корисници. Станува збор за зелена точка до профилната фотографија на вашиот „пријател“ на социјалната мрежа која ви покажува дали е „онлајн“ за допишување.

Ознаката ќе се прикажува на повеќе места низ апликацијата, вклучително вашиот инбокс за директни пораки и менито за споделување.

Но, опцијата важи само за оние „пријатели“ со кои меѓусебно се следите, или со кои претходно сте комуницирале преку порака.

Останува можноста и двајцата да го скриете својот статус.