Информативен настан за можностите за вработување преку Гаранцијата за млади

Утре (18 октомври), во 14:00 часот во Џус бар, „Младите можат“ организираат информативен настан за програмата Гаранцијата за млади. Поканети се сите заинтересирани на возраст од 15 до 29 години, кои не се во работен однос или во образовен процес и сè уште не се регистрирани во Агенцијата за вработување на Република Македонија.

Гаранцијата за млади е програма којашто се спроведува во многу европски земји од 2012 година. Од оваа година за прв пат се спроведува и кај нас, во пилот фаза, во општините Гостивар и Струмица како и на територијата на град Скопје.

Програмата нуди неколку активни мерки со цел полесно вклучување на младите на пазарот на трудот: Поддршка за основање сопствен бизнис со неповратни средства; Обуки за преквалификација или доквалификација и Можност за вработување со субвенционирање плати.