[Инфографика] Културата на оружје во САД во споредба со светот

Требаше да биде еуфоричен крај на тродневниот фестивал на кантри музика. Фановите на оваа музика, од сите возрасти, го преполнија просторот спроти Менделеј Беј комплексот хотели и казина во Лас Вегас за да уживаат во распродаденото шоу.

Но, концертот беше насилно прекинат кога вооружен човек го изврши најсмртоносното масовно стрелање во историјата на модерна Америка. Најмалку 59 лица беа убиени, а повеќе од 500 беа повредени.

Крвавото стрелање уште еднаш ја обвнови дебатата во САД за правата за поседување оружје, а СНН преку пет илустративни статистички податоци, ја споредува културата на оружје во земјата во споредба со светот.

Американците поседуваат скоро половина (48%) од проценетите 650 милиони парчиња огнено оружје во сопственост на цивили во светот:

310 милиони парчиња огнено оружје се достапни на американските државјани според извештај од 2009 година на Националниот институт за правда. Втора земја по број на огнено оружје во светот е Индија, со 46 милиони парчиња оружје во цивилна сопственост

Американците поседуваат повеќе огнени оружја по глава на жител, отколку било која друга држава:

Земји со најголем број на парчиња огнено оружје на 100 лица (лево) и со најмал број (десно)

САД има помалку од 5% од светското население, но има 31% од глобалните масовни стрелања:

Земјите со најголем број на масовни стрелања од 1966 до 2012 година

Убиствата со огнено оружје се 25,2 пати повисоки во САД отколку во другите богати земји:

Жртви од огнено оружје во богатите земји на еден милион луѓе (2010 година) – „ненамерни, недефинирани и самоубиства (прикажани со светло сива боја) убиства (темно сива боја)

На светско ниво, земјите со најголем број убиства од огнено оружје се во Централна и Јужна Америка:

Намерни убиства со огнено оружје – годишен просек на 1 милион жители (2010-2015)