[Инфографик] Зошто не треба да се купува вода во шишиња?

Во развиените земји, а се повеќе и насекаде низ светот, трендот на купување вода спакувана во шишиња и други пластични садови добива џиновски димензии. Ова не само што придонесува за расипништво во „водениот отпечаток“ (количеството вода кое секој од нас го користи или количеството вода потребно за производство на некој производ), туку води и до загадување и создавање депонии. Купувањето флаширана вода исто така не е ниту економски оправдано. Иако повеќе од половина од водата што се продава во шишиња е всушност вода од чешма (во САД), некои брендови се продаваат и до 500 пати поскапо отколку водата од градските водоводи. Една од често повторуваните невистини е и дека водата во шишиња е поздрава отколку онаа од водоводите – истражувањата покажуваат дека пластиката во која се чува флашираната вода може да биде многу поштетна по здравјето отколку водоводните цевки. И покрај тоа што овој инфографик се однесува на трендовите во САД, аргументите изнесени во него се применливи за целиот свет.

[Инфографик] Зошто не треба да се купува вода во шишиња