[Инфографик] За пет дена од Ковид-19 оздравеа 15.685 лица по мерката за намалување на изолацијата

По примерите и искуствата на бројни земји во светот, и Северна Македонија одлучи да го намали периодот на изолација за лицата позитивни на Ковид-19 кои не развиле симптоми на болеста. Па така, од 27 јануари, асимптоматските случаи наместо 10 дена, потребно е да се изолираат во период од 7 дена.

Одлуката на владата го „разниша“ бројот на оздравени пациенти од Ковид-19. Па така, веќе првиот ден по одлуката, од вирусот оздравеле 7.273 лица, во споредба со претходните денови, каде просекот бил по 1.160 оздравени на ден.

Но, во меѓувреме, на 29 и 30 јануари биле регистрирани 85 и 28 оздравени лица, за на 31 јануари повторно да оздрават 7.170 лица.

Во продолжение погледнете го инфографикот кој го подготви Радио МОФ.

Мартин Колоски