[Инфографик] Родовата нееднаквост во холивудските филмови

Њујоршката филмска академија фрла поглед врз врската меѓу жените и филмската индустрија во САД, кусо време откако филмот предводен од жени: „The Hunger Games: Catching Fire“ стана еден од филмовите со најдобра заработка во САД.

Според нивното истражување, и покрај тоа што постои напредок во последните децении, и натаму се чувствува погрешно претставување на жените во американските филмови. Жените учествуваат во помалку улоги, тие имаат помалку реплики во филмовите во кои играат, а често и се претставуваат како сексуални објекти. Работите се слични и позади сцената – според Форбс, меѓу десетте најдобро платени актери и актерки, мажите заедно заработуваат 465 милиони долари, додека жените – само 181 милион.

Еве ги податоците до кои дошла Њујоршката филмска академија, поврзани со учеството на жените во Холивуд денеска:

[Инфографик] Родовата нееднаквост во холивудските филмови