[Инфографик] Родов јаз во плати во Македонија

10 април е Ден на еднакви плати. „Фајненс тинк“ преку инфографик потсетува дека жените во Македонија се за 12% помалку платени од мажите, а разликата се зголемува до 18% кога се земаат предвид образованието, возраста, секторот и занимањето.

„Порастот на минималната плата и воедначувањето во секторите текстил и кожа – кои вработуваат повеќе жени – се очекува да придонесе за намалување на родовиот јаз во платите“, велат од „Фајненс тинк“.