Инфографик: Онлајн насилство меѓу средношколците

40% од средношколците биле вознемирени или навредени на интернет, 17% доживеале закани и јавно засрамување на интернет, 37% на интернет добиле фотографија/видео со голотија, покажа Анализата на врсничко насилство на интернет кај средношколците, направена лани, од младата истражувачка Симона Стојчевска, под менторство на истражувачите на Младинскиот образовен форум.

Радио МОФ преку инфографик го илустрира проблемот со онлајн насилството кај средношколците.